Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАНУВА ЗА УТРЕ: Пратениците ќе гласаат за Законот за јавно обвинителство

ОСТАНУВА ЗА УТРЕ: Пратениците ќе гласаат за Законот за јавно обвинителство

Пратениците утре ќе гласаат за Законот за ЈО, Советот на јавни обвинители и за Законот за одбрана. 

Откако беше исцрпена листата на пријавени за збор на 135 собраниска седница за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за советот на јавни обвинители, спикерот Талат Џафери констатираше дека општиот претрес по предлог-законот е завршен.

По завршувањето на 135 седница, пратениците веднаш ја почнаа 123. седница, на која на дневен ред беше ставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, но по исцрпувањето на листата пријавени за збор и за овој закон, претресот беше завршен, а гласањето закажано исто така за утре во 11 и 30 часот.

Се очекува утре да се распушти Собранието. 

Вчера и денеска во Собранието имаше бурна расправа. 

Слично

Поврзани вести