Економија, финансии, бизнис

Контакт

Останал без родители и му се предал на порокот, а заврши како победник на Ѕвездите на Гранд: Што знаеме за Бојан Илиевски?

Останал без родители и му се предал на порокот, а заврши како победник на Ѕвездите на Гранд: Што знаеме за Бојан Илиевски?

Бојан Илиевски е пејач од Македонија и победник на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд за сезоната 2025/2026. Тој триумфираше синоќа во големото финале благодарение на најголемиот број СМС-гласови од публиката од целиот регион.

Завршил основно и средно музичко образование, а студирал и на музичка академија во Словенија. За време на натпреварувањето отворено зборуваше за тешките животни моменти, загубата на родителите и борбата со пороците кои успешно ги надминал, пренесува Женски магазин.

Му починале и таткото и мајката


Животниот пат на Бојан бил обележан со незамисливи семејни трагедии и тешка борба со секојдневните предизвици. Уште млад се соочил со огромни загуби – неговиот татко боледувал од тумор на мозокот, додека и мајка му водела битка со сериозна болест. На крајот останал без двајцата родители.

Покрај огромната тага, семејството се соочувало и со сериозни финансиски проблеми. Во најтешките денови, додека се молел само да го види татко му жив, во домот имале само 50 евра.

По загубата на родителите, негова најголема утеха, поддршка и животен столб станала неговата баба по мајчина линија, која тогаш била со него и на снимањата на емисијата.

„Јас сум му баба по мајка. Тој нема ниту татко ниту мајка, јас сум му единствената поддршка. Му починаа и таткото и мајката“, изјавила таа тогаш, по што и Цеца не можела да ги задржи солзите.

Интервју по победата

Бојан призна дека не очекувал да победи.

„Искрено, не очекував дека ќе победам, не знам што да кажам. „Ѕвездите на Гранд“ е една од најгледаните емисии во Македонија, па затоа публиката е многу ажурна кога станува збор за гласањето. Го дадов својот максимум во текот на натпреварувањето. Имаше многу предизвици – одење на проби и враќање на секојдневните обврски. Седмиот круг ми беше најтежок“, изјави пејачот за Блиц.

Проблеми со пороци

Негов ментор за време на наатпреварувањето беше Ѓорѓе Давид, кој во едно видео на социјалните мрежи откри дека Илиевски сакал да се откаже од натпреварувањето поради проблеми со коцкање.

-Во петтиот круг сакаше да се повлече. Тогаш имаше сериозен проблем со себе. Тој проблем се викаше, коцкање. Не размислувајќи за своето семејство, за моментите што ги има зад себе и за тоа за што Бог го создал, тргна по погрешен пат“, изјавил Ѓорѓе.


Слично

Поврзани вести