ОСТАНА ЛИ НЕКОЈ ВО СКОПЈЕ ЗА ПРАЗНИКОВ - во Охрид врие од туристи, домаќините не можат да постигнат
Охрид е преполн со гости. Продолжениот викенд од споени три дена заедно со празникот 2 август, го стори своето.
Метеж има низ чаршијата, кејот плажите и рестораните. Буквално, за овој град е пикот на сезоната. Сликата од градот е како пред пандемијата. Најчести се домашните гости, но има и од земјите од опкружувањето.
Некои дошле само за овој викенд, други пак на повеќедневен одмор. Помладите за најавените празнични концерти и богата музичка агенда.
„Доаѓам од Сплит и многу сум задоволен од одморот тука. Шетавме со брод и фантастично е, има добра атмосфера во градот. Раздвижено е прилично, планираме деновиве да посетиме и некој концерт. Генерално задоволни сме и од храната и услугата. Сместувањето е исто одлично и не е многу топло.
Одделни гости кои викендов се во Охрид сведочат дека поради големата гужва, тешко се доаѓа до потребните услуги, како што се храна и сместување, па така, во некои ресторани имало буквално „тепачка“ за оброк, а некои гости ноќевале и по плажите.
Преполна со гости е и Струга.
