Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Беким Незири е на слобода

ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Беким Незири е на слобода

Апелациониот суд му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири кој беше предводник на групата која предизвика упад во контролата на летање на М-НАВ.

Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, и добија домашен притвор, сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. На негова страна застанало и вишото обвинителство.

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира дека постапувајќи по жалбите на осомничените Алмир Рамдедовиќ и Беким Незири, двајцата од Скопје, во предметите КСЖ 63/24 и КСЖ.бр.59/24, донесе Решенија со кои жалбите на осомничените ги уважи, а решенијата на кривичниот совет на првостепениот суд ги преиначи, на начин што мерката куќен притвор ја укина, а ги остави во сила определените мерки на претпазливост, кои во овој момент претставуваат доволна гаранција за обезбедување на присуството на осомничените.

За останатите осомничени, првично не одреди притвор, а кривичниот совет им одреди домашен притвор.

Осумте лица се сомничат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Слично

Поврзани вести