Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСОМНИЧЕНИ ЗА ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ: Двајца мажи од Македонија завршија во притвор во Грција

ОСОМНИЧЕНИ ЗА ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ: Двајца мажи од Македонија завршија во притвор во Грција

Двајца мажи од Македонија завршија во притвор во Грција. Тие се осомничени за шверц на мигранти. 

Двајца наши државјани минатиот петок се уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот, јави дописничката на МИА од Атина.

Едниот од уапсените тврдел дека е командир на затворската полиција во Скопје за што и доставил соодветен документ од надлежното Министерство, но според информациите на дописничката на МИА од Атина, не е исклучена можноста да се работи за вработен во затворот или службеник во компанија за обезбедување.

Од грчката полиција во саботата информираа дека во петокот напладне на локален пат во општина Еврос во близина на границата со Турција се уапсени тројца странски државјани, вмешани во случај на транспорт на нелегални мигранти.

Едниот од уапсените во автомобилот нелегално превезувал пет нелегални мигранти, додека другите двајца се превезувале со друг автомобил и дејствувале како придружба на првото возило со цел да избегнат полициски контроли на возилото со кое ги превезувале илегалните мигранти. Полицијата ги одзела и двата автомобили како и мобилните телефони на уапсените.

Според информациите на МИА од Грција, двете лица во возилото придружба се државјани на земјава, а не е исклучена можноста и третиот уапсен да е нивни сонародник.

Уапсените се изведени пред обвинител во градот Александруполи и нив им е одредена мерка привремен притвор  до судењето. Во полициските билтени често има случаи на криумчарење мигранти. Пред неколку дена мигранти од Бангладеш беа откриени во Лојане. 

Слично

Поврзани вести