ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор.
Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли жалбите по однос на мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Градоначалникот во оставка, Љупчо Папазов останува во ефективен притвор. Во пожарот на 16 март загинаа 59 луѓе, а повредени се над 140 млади луѓе.
Слично
