Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осомничен за двојното убиство во Шиша бар пуштен од притвор

Осомничен за двојното убиство во Шиша бар пуштен од притвор

Осомничениот за соработка пред да се случи фамозното двојното убиство во „Шиша бар“ во Скопската чаршија, е ослободен од притвор во замена за полесна мерка на претпазливост.

Осомничениот беше во притвор од јуни, а одОбвинителството посочуваат дека тој е осомничен за помагање при сторување на кривично дело, па затоа и не е неопходно обезбедување на присуство.

„Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.

На 6 март годинава на самото место беа убиени Јетон Кривањева - Жила и Енес Исени. Истрагата се уште трае. 

Лицето кое го купило автомобилот „Ауди“ е се уште во притвор.


Слично

Поврзани вести