Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осомничен за дрога избегал од полициска станица во Кочани, отворил прозорец и побегнал

Осомничен за дрога избегал од полициска станица во Кочани, отворил прозорец и побегнал

Осомничен за поседување прашкаста материја успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил на распит, откако го отворил прозорецот од просторијата во која бил задржан и се дал во бегство, објави Фокус. 

Според информациите, станува збор за А.Л. (41) од Кочани, кој претходно бил приведен поради сомнение за сторено кривично дело. Тој бил еден од тројцата приведени откако во автомобил „Субару“ со кочански регистарски ознаки, во кој се наоѓал, но не бил возач, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Од МВР потврдија дека инцидентот се случил на 10 јули околу 20:35 часот во Полициската станица Кочани.

„А.Л. (41) година од Кочани, кој претходно бил задржан во полициската станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од просторија отворил прозорец и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата продолжува со потрагата и со преземање мерки за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести