Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основното јавно обвинителство ќе ги разгледува неправилностите во работењето на МОН

Основното јавно обвинителство ќе ги разгледува неправилностите во работењето на МОН

Извештајот на државната ревизија каде се регистрирани недостатоци во работата на Министерството за образование и наука,  стигна во Основното јавно обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата. 

Извештајот е  кај јавен обвинител  и сега е предмет на анализа. Ако се утврдат елементи на сторено кривично дело ОЈО ќе започне постапка согласно законските надлежности.  

Министерот за образование, Пиштар Љутфиу вели дека парите не се потрошени без покритие. Според него, ниеден денар од министерството не е потрошен за злоупотреба, туку со причина.

„За секој цент си има фискална сметка, има сметкопотврда што веќе се во ревизијата. Понатаму сигорно ќе бидеме по внимателни, како што знаете сега се и избори и не смееме да даваме многу изјави“- изјави Љутфиу. 

Според ревизорскиот извештај  од ресорното министерство биле потрошени 203 000 евра   на хотели, ресторани, превоз, како и на плати за вработени, за кои немало соодветна документација. 

Пропустите се случувале за време на мандатот на поранешниот министер,  Абдилаќим Адеми и актуелниот, Пиштар Љутфиу. 


Слично

Поврзани вести