Основен суд: Груевски сам да се јави во затвор
Согласно Законските одредби судија за извршување санкции изготвува упатен акт кој го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција, известија од Основниот суд Скопје 1.
Објавата е во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд со која делумно се уважува жалбата на прво обвинетиот и во целост се одбива жалбата на второ обвинетиот во предметот на Основниот суд Скопје 1 во јавноста познат како „Тенк“.
„Ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за понатамошно постапување.
