Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основците кои не се вакцинирани, ќе примаат вакцина во училиштата

Основците кои не се вакцинирани, ќе примаат вакцина во училиштата


Тимови од Министерството за здравство ќе ги вакцинираат децата кои не примиле МРП вакцина во самите училници. Почнува теренска вакцинација на децата во основните училишта и тоа веќе од неделава, а ќе трае и следните недели се додека не се вакцинира најголем дел од невакцинираните деца. Така, треба да се намали и бројот на заболени лица.  

„Се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи. Морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со мали сипаници може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани“, велат од Министерството за здравство.


Слично

Поврзани вести