Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основци на анкета требало да одговорат дали имале секс со постари и да го наведат бројот на партнери

Основци на анкета требало да одговорат дали имале секс со постари и да го наведат бројот на партнери

Основци од Битола одговарале прашалник за бројот на сексуални партнери. 

Љубица Мусуланова Ристевска, претседател на Советот на родители во училиштето, вели дека иако потпишале согласност за да се спроведе анкета за врсничко насилство и булинг, осмооделенците од „Св. Климент Охридски“  на своите родители им кажале дека имало несоодветни прашања. 

Шокантни прашања имало во анкета за деца кои посетуваат основно училиште во Битола, од типот: Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или тоалет и дали сте ја објавиле на интернет, објави телевизија 24.

„Прашања од типот „Колку заработуваат вашите родители“, „Дали некој дома е алкохоличар“, „Дали дома ве малтретираат“, „Дали сте имале секс со повозрасна личност“. Прашањата ги извадовме од кажувањата на децата, бидејќи не ни беше даден пристап до анкетниот прашалник“, вели Љубица Мусуланова-Ристевска. 

Родителите не добиле увид во прашалникот. Неодамна имаше скандал со извиднички камп кој се одржал во околината на Скопје, каде учесниците требало да наведат број на партнери, да симулираат секс пози и слично. Овој случај го истражува обвинителството. 

Слично

Поврзани вести