Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основачот на Microsoft се приклучи на Instagram

Основачот на Microsoft се приклучи на Instagram

Бил Гејтс, основач и поранешен директор на Microsoft, реши да се активира на социјалните мрежи креирајќи профил на Instagram мрежата каде се споделуваат фотографии и кратки видеа. Бидејќи Гејтс доцни и неговото име веќе било зафатено морал да се регистрира со корисничкото име „thisisbillgates“.

Гејтс на првата објава на Instagram сподели фотографии од неговата посета Танзанија каде има хуманитарни активности.

Гејтс на овој чекор се одлучил само три недели откако вториот најбогат човек, основачот и директорот на Amazon, Џеф Безос исто така направи свој профил на Instagram.


Слично

Поврзани вести