Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Ѕидот за започнување на преговори е тест на кредибилитетот на ЕУ, раздвојувањето на Македонија и Албанија на тој патот е погрешна дебата

Османи: Ѕидот за започнување на преговори е тест на кредибилитетот на ЕУ, раздвојувањето на Македонија и Албанија на тој патот е погрешна дебата

Шефот на дипломатијата Бујар Османи не мисли дека Република Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздовени на патот кон ЕУ, бидејќи, како што изјави, тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение за што веќе има политичка одлука.

-Прво, мислам дека погрешна е дебатата што се насочува во јавноста. Ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не, тоа е прашање на Албанија. Ние го поставуваме прашањето дали ние треба да ги почнеме преговорите, сметајќи дека сме ги исполниле сите критериуми, дури и сме ги надминале, во поглед на политичките, во поглед на економските и во поглед на транспонирањето на евроското законодавство. И затоа во мојот говор реков дека овој ѕид за започнување на преговори не само што стана симбол на нашите европски аспирации, стана тест на кредибилитетот на ЕУ, изјави денеска Османи по настанот организиран во пресрет на Денот на Европа.

Потенцираше дека не сака да биде политичар кој во октомври трча и моли за раздвојување, а денеска моли да не се одвојуваме.

-Бидејќи не се држиме на принципите тогаш не можеме да морализираме зошто ЕУ не се држи на принципите во нашиот однос со Бугарија. И тогаш и сега сметам дека овој процес треба да се засновува на стриктни критериуми на исполнетост на условите. Република Северна Македонија ги исполни условите и испорача, на ред е ЕУ да испорача, рече Османи.


Слично

Поврзани вести