Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи зборувал со турскиот колега Чавушоглу за извлекување на нашинците од Авганистан

Османи зборувал со турскиот колега Чавушоглу за извлекување на нашинците од Авганистан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи зборувал со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу околу состојбата во Авганистан. Информираше дека со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарал евентуална асистенција доколу се појави потреба за извлекување и на нашите граѓани таму.

„Добив уверување од колегата Чавушоглу на дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани, и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување и на наши граѓани, информира Османи.



Слично

Поврзани вести