Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Aко не успееме ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина

ОСМАНИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Aко не успееме ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина

До последен здив ќе се бориме за уставните измени, вели македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи. 

Вели дека без уставните измени нема да можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција на која ќе се презентира преговарачката рамка со цел понатаму да се отвораат поглавјата.

„Усвојувањето на уставните измени е единствена домашна задача која нѐ дели од забрзаната евроинтеграција, која сѐ повеќе станува императив за самата Европска Унија во дадениот геополитички момент“, кажа Османи. 

Министерот додаде дека не може од сега да каже дека ја пропуштаме шансата.

„Но, ако не успееме ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина, што го кочат просперитет на оваа држава, што го кочат владеењето на правото и го кочат животниот стандард. Тие луѓе ќе треба да бидат кажани со име и презиме“, изјави Османи.

Инаку, европските лидери порачаа дека уставните измени се неопходни. Опозицијата е против уставните измени. Македонија ако не ги направи уставните измени, ќе заостане на европскиот пат. Европската Комисија (ЕК) препорача отворање преговори со Украина и Молдавија. 

фото Фејсбук/Бујар Османи

Слично

Поврзани вести