Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи за случајот Онишченко: Ова е дамка за нашата репутација

Османи за случајот Онишченко: Ова е дамка за нашата репутација

За шефот на дипломатијата, Бујар Османи скандалот со државјанството на украинскиот олигарх Олександр Онишченко е тежок удар и голема дамка. 

Тој во интервјуто за ТВ „Телма”, изјави дека случајот со македонско државјанство на Украинецот Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се остави настрана.

„Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во поседните години“, рече Османи. 

Владата претходно соопшти дека почнале постапка за поништување на државјанството. Но, дел од македонските медиуми го контактираа Онишченко и тој тврдеше дека транспарентно го добил македонскиот пасош. 

На судење во Србија, српски криминалец сведочел дека за македонски пасош се плаќало по 30.000 евра.

Слично

Поврзани вести