Османи за реформите: Македонија досега не добила ниту формална, ниту неформална забелешка од ЕK
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи вели дека Македонија досега не добила ниту формална, ниту неформална забелешка од Европската комисија во однос на динамиката на спроведување на реформите.
„Не постои писмо од ЕК, постојат белешки на нашите членови во мисиите, кои имаат десетици состаноци во денот, а во зависност од импресиите од таквите состаноци, е и квалитетот на белешките што ги праќаат до нас“- вели Османи.
За Законот за јазици изјави дека ќе биде донесен до крајот на годината, а изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан се однесувала на тоа доколку евентуалната дебата за кој било закон „се меша“ со донесувањето на законите од приоритетните сфери, тој закон да се тргне од агендата, затоа што извештајот на ЕК почнува да се пишува во јануари.
