Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи за Косово: Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив

Османи за Косово: Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека со голема загриженост ја следат состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата вели се неприфатливи.

„Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со посредување на ЕУ и САД“, додаде министерот.

Србин на Косово е уапсен, по што Србите поставија барикади. Тие тврдат дека косовски специјалци упаднале во објект близу Газивода, таму малтретирале чувар и скинале српски знамиња, а косовската страна тоа го негира. ЕУ повика на смирување на тенизите. 

Слично

Поврзани вести