Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ГАБРИЕЛ: Преговарачката рамка веќе е ѕидот и мене апсолутно не ми е важно дали ќе има нови барања

ОСМАНИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ГАБРИЕЛ: Преговарачката рамка веќе е ѕидот и мене апсолутно не ми е важно дали ќе има нови барања

Преговарачката рамка веќе е ѕидот и мене апсолутно не ми е важно дали ќе има нови барања од било која бугарска влада утре којашто може да биде и најнационалистичка, веќе имаме изградено ѕид во којшто имаме точно утврдени пори што може да помине, а што не“, изјави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во емисијата „Стадион“ на Радио „Канал 77“ емитувано вчера. 

Шефот на дипломатијата претходно посочи дека земјава успешно го завршила скрининг процесот, кој го спореди со проект за изградба на куќа.  

„Значи ова е проектот, тука се дефинира како изгледаат преговорите, Само тоа што ќе се издвои тука како барање, само тие можат да бидат барањата. Толку е важен скринингот и ние тоа го завршивме многу успешно“, рече Османи. 

Неговата бугарска колешка, Марија Габриел кажа дека уставните измени не се единствен услов за Македонија за преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Власта и опозицијата различно ја толкуваа изјавата на Габриел. 

Слично

Поврзани вести