Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи за „Ефимерида“: Скопје и Атина даваат јасни сигнали дека имаат на ум да ја сменат досегашната позиција

Османи за „Ефимерида“: Скопје и Атина даваат јасни сигнали дека имаат на ум да ја сменат досегашната позиција

Скопје и Атина во последно време даваат јасни сигнали дека имаат на ум да ја сменат досегашната политичка пат – позиција и да работат на градење на доверба меѓу двете општества, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за грчкиот весник „Ефимерида“. 

Османи зборува и за посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас на Македонија. 

„Односите меѓу Скопје и Атина долго време имаа зацементирани позиции на целосна недоверба и нивно менување не може да се очекува да се случува голема брзина. Добро е што со своите постапки, и Скопје и Атина, јасно покажаа дека имаат намера да ја менуваат досегашната политичка пат позиција и да работат на мерки и активности за изградба на доверба меѓу двете општества. Во таа смисла очекувам конкретни чекори од страна на двете земји“ - вели Османи. 

Тој очекува напредок во евроатлатските интеграции дури и пред да се затвори спорот за името. 

Kоѕиас денеска во Скопје меѓу другото ќе има средба и со Османи. 

Слично

Поврзани вести