Османи за Рама: Беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија
Maкедонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека пред шегата дека Македонија е „идна Западна Бугарија“, албанскиот премиер Еди Рама ја бранел Македонија.
„Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам“, коментираше министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 околу реакцијата на Еди Рама кога го претстави премиерот Димитар Ковачевски како премиер на „идна Западна Бугарија“.
Слично
