Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи за Димитров: Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмингот е погрешен

Османи за Димитров: Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмингот е погрешен

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изјави дека не сака да влегува во дискусија со екс министерот Никола Димитров и да одговори на неговите напади.

Вели дека јавноста кажала доволно.

„Ќе беше изненадување тајмингот да не беше тој. Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмингот е погрешен. Ќе се воздржам од коментари, само можам да му посакам успех во понатамошната работа. За решавање на овие спорови, можеби за првпат, политичарите Македонци и Албанци зборувааа во ист тон. Тоа е многу важно. Ние со Димитров не сме имале суштински разлики во процесот, само во работната дисциплина“, рече Османи.

Димитров претходно кажа дека нема целосна доверба во Османи. 

Тој ја искритикува Владата по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје дека го спинува решавањето на спорот со „добрата волја Бугарија да го прифати краткото име“.

Слично

Поврзани вести