Османи: Во следните две години, јуни е најдобрата можност за нас
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на прес-конференцијата за презентацијата на проектот МКарта изјави дека се исполнети условите за почеток на преговорите со Европската унија. Тој најави дека во следните две недели ќе бидат остварени дипломатски и политички контакти за решавање на пречките со Бугарија.
„Останувам на ставот дека ќе биде јуни и покрај тоа што не сакам да ги подигам очекувањата на граѓаните. Тоа е сложен процес кој повеќе не зависи од нас. Очигледно, процесот зависи од многу динамики во земјите-членки. Но, нашиот ментален пристап, нашиот пристап кон работата, е да работиме за јуни како да е единствената можност да се најде решение, иако јас лично чувствувам дека во следните две години можеби јуни е најдобрата можност. Значи, овие две недели ќе имаме контакти на политичко ниво, на дипломатско ниво, за да се обидеме да ги решиме прашањата што беа презентирани како пречка во овој период, рече Османи.
Министерот сепак не објасни зошто во толкав период од две години, токму следниот месец би била најголемата можност за добивање датум за преговори со ЕУ.
