Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Во постојана комуникација сме со Франција и Бугарија да видиме како да дојдеме до еден предлог кој ќе ги има предвид сензитивностите на двете страни

ОСМАНИ: Во постојана комуникација сме со Франција и Бугарија да видиме како да дојдеме до еден предлог кој ќе ги има предвид сензитивностите на двете страни

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека се во постојана комуникација со Франција и со Бугарија со цел да се дојде до еден предлог кој може да ги има предвид сензитивностите, пренесе Плусинфо.

Но, исто така министерот признава дека е можно до крајот на јуни и воопшто да не добиеме нов предлог.

– Ако не се усогласиме, односно ако една од страните не прифаќа, тогаш може да се случи и воопшто да не добиеме нов предлог до крајот на јуни годинава. Ако ние се закотвиме на нашите позиции и кажеме дека не прифаќаме вакво решение, а во исто време истото го сторат и Бугарите, тогаш едноставно се знае како ќе течат работите понатаму. Ние сме во постојана комуникација со Франција и со Бугарија со цел да видиме како евентуално да се дојде до еден предлог којшто ќе ги има предвид сензитивностите. Не може да имаме предлог којшто ќе ги има предвид само бугарските барања – рече Османи.

Слично

Поврзани вести