Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи во одбрана на верниците, дали ќе има казни за Литијата?

Османи во одбрана на верниците, дали ќе има казни за Литијата?

Иако јавноста бурно реагираше на масовниот собир на Литијата во Струга, останува отворено прашањето дали ќе има казни за учесниците и организаторите на настанот, откако вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи по денешната средба со кризниот штаб во Струга, а на која беа присутни и претставникот на МПЦ, Отец Васил, и муфтијата на струшкото муфтиство,Салим Сулејмани, како да ги омекнува ставовите во однос на последните случувања.

Османи рече дека треба да престанат нападите врз верниците пред отворањето на џамиите на 12 мај според одлуката на Исламската верска заедница.

- Верниците не се криминалци и потребата нивна да ја вратат врската со верата не е криминал. И мислам дека треба да престанат директните напади врз верските заедници. Се обидуваме да најдеме начин како да се вратиме во некоја нова нормалност и да имаат можност верниците да си ги обават своите верски потреби и определби, изјави денеска вицепремиерот.

Дополнително, според Османи, многу е важно да не се создаде перцепција дека државата во земјата е противник кон едната верска заедница, а на другата по големина и прогледува низ прсти.

Има одлука на Влада да се задолжат институциите да спроведат истрага. Тоа што јас сметам е дека најважно во моментот е да не се создаде перцепција дека државата има двојни аршини дека према едните се однесува поинаку, према другите поинаку.Ни треба подршка и помош од граѓаните и координација со верските заедници.Затоа не смееме да правиме хистерија и напади.Ова е вонредна состојба и се случуваат пропусти -рече Бујар Османи, вицеперемиер, додава Османи.



Слично

Поврзани вести