Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Во Македонија е надмината политичката криза, а земјата е вратена на нормалниот демократски колосек

ОСМАНИ: Во Македонија е надмината политичката криза, а земјата е вратена на нормалниот демократски колосек

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија којшто е задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на деветтото издание на „Компаративната анализа – извештаи на Европската комисија за Македонија 2014-2018“ во организација на Евротинк – Центарот за европски стратегии и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ).

„Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека извештајот покажа оти Македонија се врати на евро-атлантската агенда, на евроинтегративниот пат“, изјави Османи.

„Извештајот покажа дека Република Македонија успешно ги адресира ургентните приоритети, што покажува дека е надмината политичката криза, а земјата е вратена на нормалниот демократски колосек“, истакна Османи додавајќи дека е констатиран и пристоен напредок во реформите, особено во делот на создавањето на основите, т.е. условите за стабилна долгорочна реформска агенда на државата.

Османи посочи и дека една од клучните придобивки претставува и напредокот во демократскиот и политичкиот квалитет имајќи предвид дека реформите се имплементирани со целосно почитување на процедурите на инклузивен начин, со вклученост како на граѓанскиот сектор и експертската јавност така и на опозицијата.


Слично

Поврзани вести