Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Во јуни чекаме датум за почеток на преговори

Османи: Во јуни чекаме датум за почеток на преговори

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи вечерва во Собранието изјави дека во јуни чекаат датум за почеток на преговори со ЕУ, се разбира ако ја завршат работата како што треба. 

Османи вели дека политичката одговорност и на власта и на опозицијата е да се добие датум за преговори. Тој повика на консензус на владејачкото мнозинство и на опозицијата за да се исполнат обврските. 

„Да ги стопираме партиските агенди до јуни, за да ги постигнеме целите, оти не знаеме кога оваа политичка можност ќе се врати повторно“– вели Османи.

Рече дека главната улога на мнозинството е да ја врати Македонија на евроатлантскиот пат.

„Во јануари почнува да се изготвува извештајот, а ние реформите мора да исполниме до 31 декември. Главните столбови се реформите на судството, тајните служби и јавната администрација“ - рече Османи. 

Тој рече дека до 31 декември треба да ги донесат законите за Советот за факти и Судскиот совет, за заштитата на сведоци. 

Османи оцени дека наредниот период е клучен за Македонија. 

Слично

Поврзани вести