ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ: Еве со кои високи функционери денес има средби
Министерот Османи денеска во Брисел пред бројни високи функциониери ќе ја претстави програмата со која Македонија планира да птеседва годинава со ОБСЕ.
Таму, претседвачот Османи според најавите ќе има одделни средби со Жозеп Борел како Висок претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, потоа со заменикот на Генералниот Секретар на НАТО, Мирчеа Џоана а ќе оствари средби и со високи претставници на ЕУ и НАТО и со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Лајчак.
Фокус на средбите ќе бидат разговорите околу надворешно-политички прашања на Македонија.
Пред патот за Брисел, министерот објави фотографија на Фејсбук покрај која напиша:
„На пат за Брисел, каде во својство на претседавач со ОБСЕ ќе ги претставам нашите приоритети пред Северноатлантскиот совет (NAC) во НАТО, а ќе се сретнам и со ВП Борел и СП Лајчак за да разговараме за соработката меѓу ОБСЕ и ЕУ.“
Слично

