Османи верува дека наскоро ќе има резултат со Грција
Скопје и Атина работат на градење на довербата и само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во пресрет на утрешната посета на Грција.
„Тоа е усогласена владина политика, па во тој контекст ќе биде и мојата посета на Атина“- вели Османи.
Османи, во интервју за Независната балканска новинска агенција-ИБНА, вели дека наредните шест месеци претставуваат историска шанса за Република Македонија да направи сериозен исчекор за затворање на прашањето за членство во НАТО и за отворање на перспективата за пристапни преговори за членство во ЕУ.
Тој верува дека во наредниот период ќе имаме резултат.
Османи утре во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, каде ќе разговараат за европски прашања од заеднички интерес, соопштува грчкото МНР.
Слично
