Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи вели дека со сеопфатен документ ќе го решиме прашањето со Бугарија еднаш засекогаш

Османи вели дека со сеопфатен документ ќе го решиме прашањето со Бугарија еднаш засекогаш

Maкедонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека со сеопфатен документ ќе го решиме прашањето со Бугарија еднаш засекогаш. 

Тој во Топ тема говореше на оваа тема. Вели дека со овој документ еднаш засекогаш ќе се гарантира дека ќе се затворат сите прашања со нашиот источен сосед.

„Најавата за ваков протокол не значи поместување од државните позиции. Напротив, тоа значи зацврстување дека нема да има нови барања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна. Не сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња“, рече Османи.

Тој додаде дека во моментов сме во посензитивна и критична фаза од преговорите.  

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков вели дека со македонската влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе достават заеднички предлог до Европската комисијата, Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав во текот на пристапните преговори со ЕУ. Тој во интервју за „Еурактив“ изјави дека тоа не е билатерално прашање, туку е во согласност со принципите на сите земји членки на ЕУ.

На ова, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ исто со барање за гаранции од Брисел. 

Слично

Поврзани вести