Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Уставни измени мора да има годинава за да можеме до 2030 година да станеме членка на ЕУ

ОСМАНИ: Уставни измени мора да има годинава за да можеме до 2030 година да станеме членка на ЕУ

Според претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи, уставни измени мора да има годинава за да можеме до 2030 година да станеме членка на ЕУ. 

Османи денеска нагласи дека уставните измени се еден од предусловите за да ја одбереме една од двете визии – визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности за сите и алтернативната понуда изолација од светот и етнички тензии.

„Овие избори се историски и се специфични. Овие избори не се натпревар помеѓу различни политички партии, помеѓу различни кандидати на изборната сцена. Ова е избор помеѓу две визии, концепти – визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности, и е економски развиена и алтернативната понуда е изолација од светот, етнички тензии, регрес и враќање назад по однос на економскиот стандард. Тоа се двете визии кои им се нудат на граѓаните и затоа велам дека ние сме на крстопат. А, во политиката вакум нема, нема празен простор“, рече Османи. 

Секој што нема да ја поддржи европската опција, според Османи, дури и да не гласа, всушност ја поддржува опцијата за изолација, за враќање на етничките тензии и за враќање на тепачките по автобуси и училиштата, изолирање на една мала земја во регионот.

Слично

Поврзани вести