Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Тројца македонски државјани ќе останат до крај во Авганистан

Османи: Тројца македонски државјани ќе останат до крај во Авганистан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека тројца македонски државјани на нивно барање остануваат да ги вршат своите задачи во Авганистан  и ќе бидат евакуирани последни со војската во базата. Повеќето од заминатите Македонци се или во Абу Даби или во Доха на пат кон Скопје, додека 11 чекаат на аеродромот во Кабул.

Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан,а со воени авиони педестина граѓани на РС Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава.

Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

- Кога ќе се вратат ќе бидат сместени во нивните домови, а кога ќе пристигнат, тоа зависи од аранжманот на летовите. Се зависи од авионите, односно летовите, рече Османи.


Слично

Поврзани вести