Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Со нас не е комуницирано за активирање на оставката на премиерот, останувам на ставот дека тоа е непотребен луксуз

ОСМАНИ: Со нас не е комуницирано за активирање на оставката на премиерот, останувам на ставот дека тоа е непотребен луксуз

Останувам на ставот дека не беше добра одлуката на премиерот Зоран Заев да даде оставка поради резултатите од локалните избори, бидејќи парламентарното мнозинство „кое беше релативно тесно, е постигнато преку прецизен баланс на сили, во кој премиерот Заев беше важна фигура за негово одржување". 

Ова вчера за емисијата 360 степени јасно го кажа Бујар Османи, министер за надворешни работи на земјава. 

Според Османи, мнозинството има над 61 пратеник.

„Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек“, рече Османи.

Во однос на ефектуирањето на најавената, па одложена оставка од премиерот Зоран Заев по локалните избори, Османи остана на ставот дека тоа не била добра одлука.

„Со нас не е комуницирано за повторно активирање на оставката на премиерот, нашиот став од првиот ден е ист дека ова е непотребен луксуз во ова време за државата. Сепак, се сменија околностите по локалните избори и сите треба да се прилагодиме на новите околности, приоритети кои се појавија и ризиците пред кои беше ставена државата. Очекувам оваа Влада да продолжи, со тоа што не го делам мислењето во јавноста во однос на реконструкција, повеќе го гледам како процес за пополнување на испразнетите места по оставките на функционерите на Беса“, рече Османи.

На прашањето кој е ставот на ДУИ за Влада со исто мнозинство, но со друг мандатар, Османи одговори:

„Ова мнозинство, кое беше релативно тесно, е постигнато преку прецизен баланс на сили во којшто премиерот Заев беше важна фигура за одржување на балансот. Мислам дека и ако ги имаме бројките на хартија, тешко ќе биде одржлив балансот на кое било мнозинство со изменети улоги и изменети страни кои го договориле ова мнозинство пред околу една година. Ние го имавме ова предвид кога укажувавме дека ова не е добра одлука и тоа се покажа по обидот за ново мнозинство во Собранието“, рече Османи.

Слично

Поврзани вести