OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска остварил средба со четири амбасадори, меѓу кои и со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Денеска се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија. Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволни одлуки на ДИК, со намера да се украде изборната волја со правење политички инженеринг и со отповикувачки одлуки. Ја изразив и неопходноста од почитување на договорот од Охрид, Преспа и за европската иднина на државата“, стои во објавата на Османи на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ разговараат за составување на Влада.
Слично
