Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

Поранешниот министер за надворешни работуи, Бујар Османи, објави статус на фејсбук со кој истакна дека бил дел од историски моменти меѓу САД и Македонија.
„Имав чест и привилегија да бидам дел од историски моменти во односите меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Со државниот секретар Ентони Блинкен започнавме први во регионот Стратешки дијалог во Вашингтон, отворајќи нови перспективи за соработка.

Тој е и првиот државен секретар кој официјално го посети Министерството за надворешни работи на Северна Македонија – гест што ја потврдува силната поддршка за нашето стратешко партнерство.

Искрено му се заблагодарувам за одличната соработка, пријателството и посветеноста кон нашите односи.

Воедно, упатувам честитки до новиот државен секретар Марко Рубио, со надеж дека оваа успешна соработка ќе продолжи да се продлабочува“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести