Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Референдум за Договорот со Бугарија не може да има

Османи: Референдум за Договорот со Бугарија не може да има

Договорот со Бугарија не може да се поништи, вели министертот за надворешни работи, Бујар Османи. 

Тој во гостувањето во ТВ Сител говореше за Договорот со Бугарија и со Грција, притоа потенцирајќи дека не можат да бидат предмет на промена или бришење.

„Референдум за Договорот со Бугарија не може да има. Тој само ја префрлува обврската на граѓаните. Со референдум за Договорот со добрососедство, се руши и Охридскиот договор. Тоа покренува лавина. Тој е меѓународен договор и не може да биде поништен, ниту треба да има. Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се трите столбови на Македонија. Не можете да ги тргнете“, вели Османи.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе инцијатива за референдум за Договорот со Бугарија, но спикерот Талат Џафери ја отфрли. 

Сега и Левица најави дека ќе поднесе иницијатива за референдум, а ако се случи Џафери да ја одбие, ќе има целосна блокада на Собранието. 

Слично

Поврзани вести