Османи: Повлекувањето на министрите на ДУИ е вреден потег, но само како политичка порака
Повлекувањето на министрите на ДУИ од владата е вреден потег, но само како испратена политичка порака, а не и решение на проблемот, изјави на синоќа на дебатна емисија Клик плус Бујар Османи, портпарол на партијата.
Ние не сме ја затвориле оваа тема, додава тој.
„Она што се зборуваше по медиумите, дека ова повлекување на една третина од министрите на ДУИ од Владата ќе значи деблокада на Собранието, не е вистина. Повлекувањето на министрите на ДУИ од Владата нема да има правни последици. Она што се велеше дека со нивната оставка ќе падне целата влада, тоа не е вистина. Има политичка порака што ДУИ е спремна да ја пренесе и со оставка на министрите за да се покаже дека нема никакво двоумење, и дека ДУИ ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да креира нови институции и да се материјализира новата коалиција со СДСМ“- изјави Османи.
Тој вели дека ДУИ ќе направи сè што е во нејзина моќ за да се создадат нови институции и да се материјализира коалицијата со СДСМ.
