Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи потврди дека 25 македонски државјани патуваат кон Доха, а педесет лица уште се во Кабул

Османи потврди дека 25 македонски државјани патуваат кон Доха, а педесет лица уште се во Кабул

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека 25 наши државјани летаат кон Доха, а во и околу аеродромот во Кабул на безбедно има уште педесет лица. 

Состојбата во Авганистан нагло се влоши и освен базите на НАТО и САД, целата територија на државата е под управа на новата талибанска власт, додава Османи.

„Во контакт сум со колегите од САД, Турција и Катар и постои брз канал за координација. Работната група е во постојана комуникација за нивно извлекување. 25 наши државјани се веќе на воениот терминал и со американски воен авион ќе бидат испратени во Доха, а останатите 25 што се во моментов на аеродромот се упатени на следниот лет. Има уште 25 лица во американската база во Кабул што е во непосредна близина на аеродромот, тие се на безбедно и се на листа на чекање за нареден лет. Немаме други регистрирани наши државјани на територијата на Авганистан“, информира Османи.

Тој потсети дека уште во јули е повлечен дипломатскиот и воен персонал, а во саботата е формирана работна група за оние кои се работно ангажирани и во моментов затекнати во Авганистан. Османи кажа дека е остварен е контакт со компаниите каде македонските државјани работат за да се забрза евакуацијата, а испратени се и формални барања до земјите кои имаат присуство во Авганистан да асистираат во евакуацијата, при што повеќето потврдно одговориле.

Инаку, најмалку пет лица загинаа на меѓународниот аеродром во Кабул, каде се собраа илјадници цивили кои сакаат да го напуштат Авганистан, јави Анадолија.

Слично

Поврзани вести