Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Посетата на Папата е од големо значење за целата држава

Османи: Посетата на Папата е од големо значење за целата држава

Оваа посета, покрај значењето за претставниците на римокатоличката заедница, е од особено значење и за целата држава и Владата со своите активности ќе одговори соодветно на нивото потребно за организирање на оваа посета, рече Бујар Османи по повот историската посета на Папата Франциск на Скопје на 7 мај по средбата со скопскиот бискуп Киро Стојанов.

„Вистинска чест е што папата Франциск ќе ја посети Северна Македонија, како симбол на нашата општествена и цивилизациска ориентација кон Европа и западните вредности. Особено задоволство е што Папата ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза, како признание за нашиот придонес во светската хуманоста, солидарноста и добрината“, изјави Османи.

На средбата биле отворени и прашањата за соработката на религиските заедници во Република Северна Македонија и претставниците на државата, како и односите меѓу самите религиски заедници и нивната меѓусебна соработка

Слично

Поврзани вести