Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Почнува маратонска дебата, одлуката ќе биде донесена во следните денови

Османи: Почнува маратонска дебата, одлуката ќе биде донесена во следните денови

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека денеска на централното претседателство партијата ќе ги разгледува документите од работните групи кои интензивно работеа и ги доближија ставовите. 

Тој додаде дека вечерва почнува маратонска дебата, секое прашање многу внимателно ќе се разгледува, а одлуката ќе биде донесена во следните денови. 

„Ќе се разгледува документацијата која е составена од работните групи. Лидерот Али Ахмети вчера вечер на средбата ги надмина разликите, и исполнети се условите претседателството да ги разгледа предлог законите и да може да одлучи“ - рече Османи. 

Не може да се симплифицира процесот на давање потписи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии, додава Османи.

Османи информираше дека ако тој материјал е недоволен, тој ќе биде вратен на работните групи на ДУИ и СДСМ. 

Слично

Поврзани вести