Османи по средбата со францускиот амбасадор: Колку побргу завршат консултациите, толку подобро за нас
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, а потоа објави дека колку побргу заврши дебатат и консултациите за францускиот предлог, толку тоа било подобро за нас.
„Благодарност за посветеноста на Франција и напорите за да се отвори патот на кон ЕУ. Уште денеска, францускиот предлог ќе се претстави кај сите институции на Република Северна Македонија, секако и пред граѓаните и целата јавност. Колку побрзо ќе се заврши консултативниот процес тоа е толку подобро за нас“, објави претпладнево Османи.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе има средба со коалиционите партнери од власта, а потоа предлогот до детали ќе биде објавен на веб страната на Владата.„Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори“, напиша утрината Ковачевски.
Слично
