ОСМАНИ ПО АМЕРИКАНСКИ ПРИМЕР, СО АВТОБУС ТРГНУВА ВО КАМПАЊА: „Референдум за иднината“
Тргнуваме на многу важно патување, референдум, за иднината на нашата земја, напиша кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи, кој, по примерот на американските политичари, за кампањата ќе патува со автобус.
„Денес е ден #4, од 4-тиот месец, 2024 година, денот на основањето на НАТО и 4-годишнината од членството на нашата земја во најмоќната политичко-воена организација во светот.
Оваа мисија ја започнувам под светлината на број 4, за мене е симболично и тоа што сме на вистинскиот пат. Мисијава ја започнав од штабот на НАТО, но се надевам дека ќе ја завршам како претседател во седиштето на Европската Унија, седнајќи на масата на Европскиот совет како полноправна членка“ напиша тој на фејсбук.
Слично
