Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Петрит Муслиу е предложен за конзул кога не бев министер

Османи: Петрит Муслиу е предложен за конзул кога не бев министер

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на денешниот брифинг со медиумите по Минхенската безбедносна конференција изјави дека Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, е испратен како генерален конзул во Чикаго, но не на негов предлог.

- Петрит Муслиу е предложен во 2019, пред да дојдам јас како министер за надворешни работи, но јас го упатив. Тој е дипломиран правник и магистар по меѓународно право, изјави Османи.

Муслиу бил предложен на 20 декември 2019, а работно бил ангажиран како програмски менаџер и советник во Владата.

Османи додаде дека одлуката да биде испратен во Чикаго не била обелоденета јавно, затоа што се чекал агреман од земјата во која се испраќа како дипломат.

- Според закон, седницата е доверлива, не можам да коментирам дали имало само расправа, но не и одлука. Се додека не се добие агреман од земјата каде што се упатува, таа не се објавува во јавноста. Што доколку се одбие агреманот? Ќе се спори името јавно и ќе се наруши интегритетот на предлогот. Тоа е така секаде, рече министерот.


Слично

Поврзани вести