Османи патува во Грција - со кого се ќе се сретне?
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во вторник, 9 јануари, ќе оствари работна посета на Атина, соопштиja од неговиот Кабинет.
Османи ќе има одвоени средби со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос.
На средбите ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија.
Слично
