Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Секогаш сме стоеле зад Денко Малески

Османи: Секогаш сме стоеле зад Денко Малески

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изјави дека неговата партија ДУИ отсекогаш го поддржувала професорот Денко Малески како можен консензуален претседателски кандидат, а не само за претстојните претседателски избори на пролет во мај.

Тој бил предлог на ДУИ за консензуален претседател и во времето кога оваа партија беше во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. 

- Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и тоа треба да биде на предлог на партиите кои се носители на важните процеси, во случајот СДСМ и ДУИ – рече Османи во своето последно телевизиско гостување.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред еден месец го оцени Малески како кандидат кој ги задоволува неговите критериуми.


Слично

Поврзани вести