ОСМАНИ ОТКРИВА: Захариева лани предложила да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, нашата Влада одбила
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите откри дека минатата година во декември тогашната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева му дала предлог договор за решавање на спорот меѓу двете земји, јавува репортерот на ТВ21.
Како што рекол Османи, два члена биле спорни за нас од тој договор, со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја.
Османи додава дека засега нема идеја за потпишување на нов договор со нашиот сосед.
Слично
