Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Одлуката не сум ја донел како Албанец туку како Европеец

ОСМАНИ: Одлуката не сум ја донел како Албанец туку како Европеец

За вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, одлуката да не оди на конференцијата во БиХ за земјите од Западен Балкан е всушност во интерес на Македонија.

Според него и Косово требало да се повика заедно со останатите држави.

„Не сум донел одлука спротивна на интересите на државата. Одлуката не сум ја донел како Албанец туку како Европеец. Стратегијата донесена од ЕУ предвидува перспектива за сите земји од Балканот. Една од шесте носечки инцијативи е помирувањето. Било каква инцијатива, која не се залага да има помирување не поддржувам. И да не беше повикана Србија, немаше да учествувам. Не може да се отфрла било која држава, треба да учествуваат сите“, вели Османи.

Исто така тој на прашањето како би се санцкионирал за ваквиот чекор кој го преземал без  согласност на Владата, не одговори, туку само рече дека одлуката е во насока на интересите на државата.


Слично

Поврзани вести