Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи оди во посета на најсреќната земја која во моментов бара илјадници работници

Османи оди во посета на најсреќната земја која во моментов бара илјадници работници

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи патува во работна посета на Финска.

Тој според најавите ќе има средби со високи претставници во земјата која го носи епитетот најсреќна земја во светот.

Во фоксу на средбите главни теми ќе бидат приоритетите финското претседателство, предизвиците и перспективите за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, како и билатералната поддршката на Република Македонија од страна на Финска, особено за процесот на евроатланско интегрирање на земјава.

Имено, Финска е земја која во моментов бара илјадници работници.

Денес 140 000 луѓе повеќе имаат работа во однос на периодот кога Шипила стапил на должност но уште околу 150 000 нови работници ќе бидат неопходни за најсеверната членка на еврозоната да го одржи својот систем на социјална помош.

-Финансирање на нашиот нордиски модел на благосостојба , кој не прави најсреќна земја во светот со невројатно висок животен стандард, зависи од се повисоката стапка на вработеност-изјавил Аки Кангашари, главен економист од Нордиската банка и додал дека Финска мора да обезбеди „секој кој може да работи да има работа“.

Слично

Поврзани вести