Османи одговори кога ќе биде изгласан Законот за јазици
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи изјави дека Законот за јазици ќе се најде пред пратениците следната недела и се очекува да биде изгласан.
Тој вели дека тоа е за доброто на Македонија. Османи во изјава за Телма ја отфрла можноста за менување на текстот, бидејќи, како што вели, тој е усогласен претходно со двете најголеми партии во македонскиот блок.
„Наредната недела законот за јазиците повторно ќе се најде пред пратениците и се очекува да биде изгласан заради доброто на Република Македонија“- вели Османи.
Тој кажа дека оваа Влада уште на почетокот решила да се справи со три големи пречки на евроинтегративниот пат – лошите односи со Бугарија, спорот со името и употребата на албанскиот јазик.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од амандманска расправа за овој закон.
